ТРЕБОШ, ТЕТОВСКО

Вандализам во манастирот "Свети Атанасиј"

Непознат вандал во пресрет на патрониот празник "Свети Атанасиј", во чија чест верниците од Требош ја подигнале црквата, насилно влегол внатре и оштетил неколку икони.
Инцидентот во во црквата се случил ноќта меѓу 30 и 31 јануари во тетовското село Требош, информираат од полицијата. Тогаш вандалот насилно ја отворил влезната врата во црквата и оштетил пет икони. Се претпоставува дека ги оштетил иконите трагајќи за пари. Полицискиот увид утврдил дека не било украдено ништо од црквата. За инцидентот полицијата, која веќе спроведува истрага, била известена од лица кои се грижеле за манастирот.

Најнови вести

Коментари