logo
logo
logo

ЖЕНА УЦЕНУВАЛА МАЖ со компромитирачки фотографии - Ова е сумата што ја барала

Vecer | 12.03.2020

ЖЕНА УЦЕНУВАЛА МАЖ со компромитирачки фотографии - Ова е сумата што ја барала

Жена се заканувала на маж дека ќе пушти негови компромитирачки фотографии на социјалните мрежи, ако не ѝ исплати 1.200 евра. Полицијата ја приведе.

По преземени оперативни мерки, а по претходна пријава на В.П.(44) од Битола дека е уценуван, на 11.03.2020 во 14.45 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје ја лишиле од слобода Е.С.(34) од Скопје, со живеалиште во Битола.

Според пријавеното, Е.С. се заканувала на В.П. дека ќе објави негови компромитирачки фотографии доколку не ѝ исплати 1.200 евра.

Таа била лишена од слобода веднаш по примопредавањето на парите и во консултација со Основното јавно обвинителство, против неа ќе биде кривична пријава по брза постапка поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од Кривичниот законик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk