Начинот на кој досега го користиме YouTube, може да се промени драстично до крајот на годината. Како што деновиве информираат повеќе извори, најголемиот сајт за споделување на видеа се подготвува да пушти две одделни постпејд услуги пред крајот на 2015 година – Music Key, која почна во ноември, пишува The Verge.

Двете услуги ќе станат платформата во микс од слободна содржина, поддржана од реклами и премиум видеа за кои ќе треба да се плати.

Досега YouTube отсекогаш била бесплатна услуга, поддржана од реклами, но сега компанијата на креаторите ќе понуди нови начини за печалење пари.Од своја страна музичките компании се жалат дека YouTube не им плаќа доволно за креативноста, што придонесува за суштински дел од сообраќајот кон сајтот за видео споделување.

YouTube сеуште е најголемата платформа за стриминг на музика во светот, а 45 од 50-те најгледаните видеа на сите времиња се музички спотови.