x

Taжната судбина на Малага – им врачи откази на сите фудбалери

malaga

Фудбалскиот клуб Малага поминува низ најтешкиот дел од своето основање. Поради финансиската криза второлигашот е принуден да направи ригорозен чекор за да се спаси. Некогаш беше четвртфиналист во Лигата на шампионите (2013 година), а секунди го делеа од пласман во полуфиналето, но сега се бори за живот.

Малага одлучи да му даде отказ на целиот тим за да спречи згаснување. По испаѓањето од Ла Лига работите во Малага тргнаа кон лошо, катарскиот бизнисмен Ал Тани се повлече и престана со вложување во клубот. Во февруари оваа година клубот отиде во стечај. Останаа да се натпреваруваат во Сегунда, меѓутоа, клубот сега соопштува дека се во катастрофална ситуација.

На играчите им било кажано дека клубот влегува во процес на колективни откази. Со овој потег менаџментот смета дека ќе биде доволно да се спаси клубот од згаснување. Малага должи 7,3 милиони евра за кредити и позајмици, а плус на своите играчи им должи околу 2.000.000 евра поради што им се заканува дополнителна казна од ФС на Шпанија ако не го реши овој проблем.

И да се спаси од тотален крах Малага нема да добие дозвола да остане во Сегунда туку треба да почнат од четвртиот ранг.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата