Американскиот претседател Доналд Трамп наговестил денеска можност САД да формираат “сопствена светска медиумска мрежа” како би се спротивставиле на “лажни вести”, која , како што вели, по светот шири CNN.

Трамп на Твитер напишал дека CNN “во светот има моќен глас кој СДА ги претставува на неправеден и погрешен начин”.

“Мора нешто да се направи, вклучувајќи ја можноста САД да создадат сопствена Светска мрежа како би му покажале на светот какви сме ние во суштина, големи”, порачал американскиот претседател.

Засега не е јасно што подразбира под “светска мрежа”, напоменува американската агенција.

АП укажува дека американската влада веќе управува со Гласот на Амрика, која е како што се наведува, минатата година допрела до 275 милиони луѓе ширум светот со новински извештаи од САД достапни на телевизиите, радијата и социјалнире мрежи.

CNN за сега, нема коментари за критиките на Трамп.