Слабеење без спорт? Звучи невозможно! Спрема оваа диета треба да биде возможно, едноставно и здраво.

Како функционира новата SOS диета? Лесно! Бизарна е на план на исхрана за 7 дена.

За тоа време организмот ќе се исчисти и ќе може да помине низ детален детокс со што ќе ја подобри работата на јетрата. После ова “чистење“ организмот може повторно да почне со своето нормално работење.

За долготраен ефект на диетата се препорачува откажување на јагленохидрати после 16 часа – значи исфрлете леб, компир и тестенини. При тоа, сирова храна во вечерните часови да се одбегнува.

Доколку се определите за SOS диета, треба да пиете што повеќе вода.

Дотокс план за 7 дена

 

1. ден

Првиот ден можете да јадете овошје колку што сакате. Летно време во изобилство се јагоди, боровници, дињи или ананас. Избегавајте банани во текот на овој ден

2. ден

Вториот ден на диета можете да јадете зеленчук колку што сакате. Било да е свеж или варен, одберете она што најмногу сакате. Можете да потпечете тиквичка, пиперка, домат со малку масло, бидер и сол. Тргајте се од масни сосови и преливи.

3. ден

Третиот ден помешајте овошје и зеленчук. Дозволено е да се јадат заено. Сепак одбегнувајте банани и компир.

4. ден

Четвртиот ден треба да се јаде супа од зеленчук и до 8 банани. Во случај да не сте љубител на банани, заменете ги со најмногу 4 авокада.

5. ден

Петиот ден е резервиран за месо или тофу. Се препорачува да се јаде полешко или говетски. Во текот на денот моѓете да изедете до 6 свежи домати.

6. ден

Шестиот ден комбинирајте месо со зеленчук. Добра вест е што можете да го комбинирате како што сакате и колку што сакате.

7. ден

На крај од детокс планот, тука е зеленчукот или интегрален ориз. Освен тоа, дозволени се домашни овошни сокови.

Диетата се смета за зрдава, бидејќи после 16 часа организмот не е оптеретен ни со свежа храна нити јагленохидрати.