Заедничко вложување ќе ја надмине дури и данската „Vestas”, која оперира на пазарите на Северна Америка и Европа, како и на брзорастечките пазари како Индија, Мексико и Бразил.

„Финалните детали треба да бидат одобрени, откако беше постигнат принципиелен договор”, објави шпанската компанија.

„Siemens” е водечки лидер на пазарот со континенталните ветерни извори, но релативно слаб од гледна точка на крајбрежните.

„Gamesa” од своја страна е посилна на пазарите во развој, особено во Латинска Америка, каде ќе ги прошират своите бизнис, откако шпанската влада ги намали субвенциите за производителите на чиста енергија во 2013-та година.

Уште во јануари двете компании објавија дека разговараат за евентуално спојување на бизнисот, но преговорите беа прекинати поради стравувањата поврзани со постојното заедничко вложување „Adwen” меѓу „Gamesa” и француската државна енергетска компанија „Areva”.