logo
logo
logo

Понеделнички

Швалери

Vecer | 07.06.2009

Швалери

Ова го пишувам со попуст. Во чест на Хенри Милер, новинар и писатаел, кој умрел на денешен ден. Еден од најголемите швалери за кој јас знам. Почнал во Бруклин, како разнесувач на пошта. Од Њу Јорк се сели за Париз, потоа во Грција... и пак, назад, во Њу Јорк. Да не се заборави, бил голем новинар, и писател.

Се женел пет пати. Првата книга ја напишал со поминати четириесет години. И за таа, прва книга, му платила славна жена. Французинката Анаис Нин.

Малку има луѓе во нашава работа на кои им завидувам. Хенри Милер е еден од тие малкумина. Со повеќенаменски дар од Бога, безобразен, дрчен и расположен. Пишувал за хумор, секс и атеизам. Салонските лигуши кои никој не ги памти, за кои пишувал, и на кои им ги ебел и девојките и љубовниците, со завист го критикувале дека е дрска, безобразна битанга со прљав јазик.

Поживел долго, скоро деведесет години, за кое време напишал четириесет книги. И доживеал да го гледаат како жива легенда.

Имало швалери подоста за кои се памтат. Претежно измислени, се разбира. Швалерските приказни се како рибарските, ако никој не знае како да не било. Ако не се претера - и не е приказна.

Најпосле, кој ќе провери?

Во Македонија, во која баењето и законски е дозволено, приказните за швалерајот се нешто помеѓу фолклор и домашна задача. Таа опседнатост е до таму отидена, што и Грци ќе се пишеме ако треба - откако во резултатите на Дурекс, пет години по ред, тие се меѓу петте најебачи на планетава.

Нас не нема во резултатите. Ние ебеме надвор од конкуренција.

Во историите на големите народи многу се внимавало да има швалерски легенди. Евреите нацијата ја створиле на швалерај. Внукот на Абрахам, Јаков наречен Израел, имал дванаесет синови но, и со жената - и со слугинките.

Ништо покусо не се ни нашите. Случајно или не, десна рака на Исус му била Марија Магдалена, собрана од куплерај дирекно на апостолска обука. Евенгелието по Филип пишува дека Исус ја сакал Марија Магдалена повеќе од другите ученици...

И не е точно дека спиел со неа. Око не му трепнало цела ноќ...

После следат легендите за Казанова, попот Распутин, Индусот Мумтаз Махал со Кама сутра, Едвард Осми, Диего Ривера, Роман Полански, Хју Хефнер... да ставам три точки на набројувањето, гарант сум заборавил некого. А може секој да се допише и себе :-)

Сите големи, познати швалери, се во основа творци: биле писатели, владетели, уметници, филозофи, новинари... духовити и умни луѓе. Иначе, одработување по единица мерка, без претходните дарби како основа, е чист мануелен труд.

Берлускони, упркос на големиот вложен труд, и маркетиншка поддршка на истиот, сепак не е на списокот на големите швалери. За таа малата, Ноеми Летицијаи, на полумртов би му се дигнал.

Сексот од позиција на политичар, платен од државни пари, ретко кого импресионира. А е во опозиција, кога живее и ебе од свои пари, Берлускони го нема нигде. А дојде до власт, него му тргнуе... не бе брат. Ни на Кенеди не им успеа тоа, а не на тебе.

Во нашата историја, ако се изземе Тито како индириктен историски фактор кај нас, ние немаме некои познати швалери. Тоа, повеќе е оставено за потреби на сегашноста.

Во минатото сме се гордееле со комити, што пљачкале патници по друмови, со неуспешни студенти, запамтени како бомбаши на француски банки, партизани кои помеѓу два секса издавале декрети за забрана на јавното спомнување на сексот, што оставило трауматични последици до ден денес: а спомнеш секс у весник, попаѓаа пола неокомунисти, од Бендевска па се понатаму...

А нема голем народ, без големи швалери. Заради големите швалери и Французите, Америте, Русите... а особено Италијаните, станале големи народи.

Па Цезар, и Марко Антоние, во време на најголемата римска слава, оделе до Египет за секс со Клеопатра.

Патем, кога ќе се дигне толкава војска, со сите коњи и бродови, ќе се случат и пар војни, за да се наплати трошокот за патот... И, така, Рим станал голем. Заради сексот.

Кај нас секс имало, ама швалерите доаѓале од страна.

Ебеле, и си оделе.

ПС. На еден млад, учен човек, за кој има иднина, деновиве му се случува закана за угледот и интегритетот на името. Името му е Жидас Даскаловски, докторски школуван политиколог.

Имено, Жидас деновиве сака да биде поголем Албанец и од Косоварите. Го брани Сејдиу што не дошол во Скопје, и ги правда Косоварите кои ни се закануваат. Ако се налутат, пишува Жидас Даскаловски, ќе немало да го користат Солун за пристаниште, и да патуваат преку Македонија, туку за пристаниште ќе го користеле Драч! ( При ова се иззема хериониот и оружјето од Косово, н.з.)

Ау. Цел се тресам од страв.

Прво, тезата е економски неписмена и лаичка, неуптреблива дури и за пропаганда. Затоа, нема ни да биде полемизирана.

Пријатељу, доволно, секако за сопствени финансиски интереси, го бранат Косово смрадови како Фрче, Сашо Орданоски, Геровски Геро... ние немаме кој да не брани нас. А ни требаат такви.

Кој го ебе Косово.

Кој и да сме, сите ние сме овде, и за ова овде ќе се тепаме со било кого. Може вам ќе ви падне некоја пара од Приштина за да им се даде поддршка, ама на нас ни праќаат бомби. Не секс-бомби.

Млад си. Батали приштински шеми. Ако си маж, биди швалер.

Д.П. Латас

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk