logo
logo
logo

ШТО КРИЕ АНГЛИСКАТА КРАЛИЦА НА СВОИТЕ ИМОТИ? Полицијата спречена да ги пребара имотите во потрага по антиквитети

Vecer | 26.03.2021

ШТО КРИЕ АНГЛИСКАТА КРАЛИЦА НА СВОИТЕ ИМОТИ? Полицијата спречена да ги пребара имотите во потрага по антиквитети

На британската полиција не и било дозволено да ги пребара приватните имоти и недвижности на британската кралица Елизабета втора во потрага по украдени историски предмети, откако министрите за неа направиле исклучок во законот кој го штити светското културно наследство.

Имено, Бакимгенската палата и владата одбиле да кажат зошто 2017 година било неопходно да се направи таков исклучок и да ја спречи полицијата да го пребара поседот Балморал и Сендрингем, пренесува Гардијан.

Кралскиот потпарол отфрлил било какви инсинуации дека украдени или опљачкани предмети се наоѓаат во имотот на британската кралица.

Министерството за дигитални медиуми, култура, медими и спорт, кое на кралицата и овозможило исклучок во овој случај, одбило да каже дали оваа одлука е донесена на предлог на кралските советници или министри.

Министерството исто така ги чува во тајност мејловите кои би можеле да откријат зошто на кралицата и е даден имунитет за овој закон.

. Меѓутоа, документи до кои дошол Гардијан на база на законот за слободни информации, му се сугерирало на Министерството со внимателни зборови околу законот да ја прикријат целта на отстапките.

Британскиот дневник барал документи во рамки на истрагата за т.н. согласност на кралицата преку нејасен парламентарен механизам, му дава за право на монархот детален увид во закони кои треба да бидат предложени, вклучувајќи ги оние кои влијаат на јавни функции, приватни недвижности и лични интереси.

Гардијан во февруари објавил документи кои покажуваат како кралицата го користела тој механизам каде во тајност лобирала кај министерот да го промени нацрт законот.

Во еден случај законот е изменет со што прикрива непријатно приватно богатство, на иницијатива на нејзиниот приватен адвокат.

 

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk