Маж и жена се повредени и се пренесени во болница. Во 18 часот и 30 минути полицијата потврди дека е приведено едно лице. Според информации на СВТ, уапсениот е на возраст од 15 години.
- Во моментов гледаме хеликоптери како летаат наоколу и полициски автомобили насекаде, сето тоа е хаос со луѓе кои плачат и се тешат, вели очевидец на SVT Nyheter.
Вооружена полиција влетала во трговскиот центар Емпориа во Малме и соопштиле дека голем број полицајци се на местото на настанот.
Едно лице од местото на настанот изјави за sidsvenskan.se: „Неколку луѓе кои плачат велат дека слушнале истрели“.
Две лица биле застрелани, јавија локалните медиуми.
Сведоците, наводно, изјавиле за tv.se дека слушнале околу 20 истрели пред да побегнат од трговскиот центар. Забележани се болничари со носилки како брзаат покрај купувачите.
Портпаролот на полицијата изјави: „Истрели во трговскиот центар Емпориа во Малме.Полицијата е на терен со голем број ресурси и локацијата е опколена.“