logo
logo
logo

Приведени двајца албански државјани, шверцувале 50 кг охридска пастрмка

Vecer | 19.08.2022

Приведени двајца албански државјани, шверцувале 50 кг охридска пастрмка

Денеска по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал-Струга, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, кај крстосницата на влез во село Радолишта, струшко, лишени од слобода се С.М.(39) и А.С.(43) двајцата од Р.Албанија.

При извршена контрола во патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 50 кг риба, поточно 81 парче охридска пастрмка и 20 рибарски мрежи во единечна должина од по 100м, кои биле предмет на недозволена трговија од Р.Албанија кон Р.Северна Македонија.

С.М. и А.С. биле приведени во Полициската станица за Граничен надзор Франгово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk