logo
logo
logo

ПОСНА САРМА ЗА СВЕТИ НИКОЛА: Славскиот ручек не може да помине без неа

Vecer | 18.12.2020

ПОСНА САРМА ЗА СВЕТИ НИКОЛА: Славскиот ручек не може да помине без неа

Ако сакате да послужите совршени сарми за Свети Никола, ова е рецептот кој ви го препорачуваме:

Потребни состојки:

  • 4 главици кромид со средна големина
  • 2 страка праз
  • 5 моркови со средна големина
  • малку магдонос
  • 4 чешниња лук
  • 500 г ориз
  • 1 компир
  • 2 главици кисела зелка
  • брашно
  • вегета
  • црвен пипер
  • сол и бибер

Начин на приготвување: Во поголем сад ставете масло со дебелина од 1 прст. На маслото пропржете ги кромидот и празот. Оризот потопете го во вода. Лукот ситно исечкајте го, морковот, целерот и магдоносот крупно изрендајте ги и додадете ги сите зеленчуци во пропржениот кромид и праз. Потоа додајте го процедениот ориз и динстајте десетина минути. Тргнете ја мешавината од шпоретот и зачинете, па додадете го изренданиот компир и 1 рамна лажица брашно. Одвојте ги листовите од зелка и започнете да ги виткате сармите. Прелијте ги со вода, покријте ги со неколку цели листови зелка и печете. Најдобро е да ги печете во земјен сад кој ќе го покриете со фолија. Оставете ги сармите 4 часа на 150 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk