x

OLD BUT GOLD (26.05.2012, Португалија-Македонија): Како Пандев и „компанија“ му „извадија„ реми на Роналдо, на негов терен (ВИДЕО)

Од 2011 до 2012 година, селектор на Македонија беше славниот Џон Тошак. Некогашниот фудбалер на Ливерпул и тренер на Реал Мадрид. Немаше успеси, не успеа да се снајде, но затоа на 26 мај 2012 година во пријателски меч под негово и водство на Пандев на теренот, Македонија успеа да одигра 0:0 со дрим-тимот на Португалија на негов терен, во Леириа. Кристијано Роналдо запна да даде гол, шутираше од сите позиции, изведе и неколку слободни удари, но нашата одбрана умешно се одбрани. Во вториот дел Агим Ибраими сантиметри го делеа од супер гол за наша победа, сепак штета, не успеа за малку. 

За Македонија на тој меч настапија: Богатинов, Новески, Грнчаров, Шиков, Урдинов, Ристовски,Глигоров, Спировски, Тричковски, Пандев, Фазли. Играа уште и: Демири, А. Ибраими, Хасани, Георгиевски, Мојсов.

На другата страна за Португалија настапија сите најдобри во тој момент: Бето, Бруно Алвес, Коентрао, Переира, Роландо, Кварезма, Велосо, Мутињо, Микаел, Роналдо, Постига, а подоцна во игра влегоа и Меирелеш, Хуго Алмеида, Нани, Хуго Виана, Варела, Нелсон.

Каков ли тоа тим беше на Португалија? Е против таков тим ние ремизиравме во Леириа, и тоа без примен гол.  

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата