x

OLD BUT GOLD (24.08.2017, Фенербахче-Вардар): Македонски марш среде Истанбул (ВИДЕО)

Легендата вели дека на 1:1, некаде во финишот на натпреварот меѓу Фенербахче и Вардар, ложата ја напуштил Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција и големиот фан на Фенер. И тоа само благодарение на Вардар, на нашиот Вардар кој му ја расипал вечерта на големиот Ердоган.

Таа вечер на 24.08.2017 година, по мечот со Фенер, македонски Вардар влезе во големото друштво. Во плеј-офот во ЛЕ од Скопје донесе 2:0, а на „Шукру Сарачоглу“ уште еден триумф, овојпат со 2:1. И пак среќата беше на наша страна, на страната на храбрите, на страната на Македонците кои маршираа среде Истанбул. „Војската“ на Чеде Јаневски беше фантастична.

Тие 35.000 турски фанови, и само неколку десетина „комити“ видоа одличен, супер интересен натпревар. Долго беше 0:0, до таа 60.минута кога Нојштадер, рускиот германец кој игра во Турција, го матираше Гачевски за 1:0. Не поминаа ни 7-8 минути кога Џигаури го постигна најчудниот, но можеби и најзначајниот гол на Вардар во последените децении. Погодок за 1:1, и се беше готово. Никола Глигоров во 90.минута само стави точка на влезот на Вардар во групната фаза во Лигата на Европа. 

Антологиски успех на вардарци. Тие се првиот, и засега единствениот македонски клуб со таков успех. Следуваше голема радост во Вардар, во Скопје, во Македонија. Елиминиран беше гигантот Фенер, но поважно беше што Вардар се најде во одбрано друштво. 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата