x

OLD BUT GOLD (18.07.2017, Вардар – Малме): Првата евро – победа на вардарци по пауза од 14 години, и стигнаа до ЛЕ (ВИДЕО)

Иако освојуваше титули, освои и еден куп пехар во тој период, секогаш на Вардар му се потсмеваа дека тој нема победа во европско натпреварување, тука не го сметаме Интер тото Купот, цели 14 години. Последен пат Вардар успеал да победи на 30 јули 2003 година кога среде Москва триумфираше со 2:1.

Од тогаш, па се до 18 јули 2017 година, Вардар никако не успеваше барем еднаш да ги израдува своите фанови. А играше со Спарта Прага, Рома, Елбасан, Рапид Букурешт, Роселаре, Анортозис, Бате Борисов, Апоел, Динамо Загреб, но победа немаше па немаше. Тука не говориме за пласман понатаму, туку за обична евро победа на еден меч.

И конечно, под водство на Гоце Седлоски тоа лето 2017 година, дојде таа победа, која беше почеток на нешто големо, многу големо, историски пласман во Лигата на Европа.

На тој 18 јули 2017 година, во Струмица, Вардар во реваншот од второто  квалификациско коло во ЛШ, со 3:1 го победи Малме, и со вкупни 4:2 се пласира во следната фаза. Потоа следуваа дуелите со Копенхаген, па со Фенербахче и остварување на сонот.

Сепак не беше баш така лесно  во Струмица. Швеѓаните поведоа со 1:0, но следуваше одлична игра на момците на Седло, и со головите на Грнчаров, Барсегјан и Николов, вардарци ги израдуваа своите фанови, Струмица, но и цела Македонија.

За Вардар на тој меч, прв победнички по цели 14 години, настапија: Гачевски, Грнчаров, Новак, Хамбарѕумјан, Демири, Глигоров, Спировски, Николов, Барсегјан, Фелипе, Балотели. Во игра подоцна влегоа и Муслиу, Блажевски, Брдаровски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата