x

OLD BUT GOLD (12.11.2015): Дебито на Мрме, хет-трикот на Алекс, како си ги „измачкавме“ Црногорците! (ВИДЕО)

На 12 ноември 2015 година, нашата најдобра фудбалска репрезентација, пред очајно слаба посета на Арената, со 4:1 во пријателски меч ја победи силната селекција на Црна Гора. На овој натпревар, како предводник, своето деби го имаше актуелниот селектор Игор Ангеловски  – Мрме.

Веднаш мора да се каже дека овој меч ќе го памети и Александар Трајковски, кој беше стрелец на три голови. Алекс е еден од нашите најдобри голгетери во историјата на нашата  репрезентација.

Ние поведовме со голот на Шиков во 35.минута, а Алекс од 38. па до 64.минута ни донесе водство од неверојатни 4:0. Во смаиот финиш Јоветиќ го ублажи поразот на гостите.

На тој прв меч како селектор, Игор Ангеловски сметаше на: Димитриевски, Шиков, Мојсов, Ристовски, Жута, Глигоров, Тричковски, Стјепановиќ, А. Ибраими, Велкоски, Трајковски. Играа уште и Петровиќ, Несторовски, Брдаровски и Илијоски.

За Црна Гора покрај другите играа: Савиќ, Јоветиќ, Бечирај, Вукчевиќ…

Убава игра, висока победа, покажавме класа на тој натпревар. Едноставно си ги „измачкавме“ Црногорците.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата