x

OLD BUT GOLD (04.03.1987): Како Македонецот Бошко го „тресеше“ Реал пред 100.000 публика на „Маракана“ (ВИДЕО)

Бошко Ѓуровски е една од најголемите легенди на балканскиот гигант Ц. Звезда,пред се играчка, а и тренерска. Па тој како стратег на „црвено – белите“ има освоено двојна круна. Македонецот Бошко долго време беше играчка ведета на Ц. Звезда, речиси деценија не можеше без него да се замисли првиот тим.

А врв на неговата кариера во „црвено-белиот“ табор, се чини дека беше вечерта на 4. март 1987 година. Таа вечер на „Маракана“ пред 100.000 гледачи гостуваше Реал Мадрид во рамките на 1/8 финалето во Купот на шампионите.

Бошко како капитен го преводеше составот на Ц. Звезда во кој беа и Стојановиќ, Брачун, Кривокапиќ, Радовановиќ, Елзнер, Јанковиќ, Ѓуровиќ, Пикси Стојковиќ, Бора Цветковиќ, Мркела. И на сите тие ѕвезди во екс-СФРЈ, нашиот некогашен селектор им беше капитен, каква чест. Тој пред мечот се поздрави со капитенот на „кралевите“ легендарниот Камачо, а во Реал таа вечер, покрај другите, играа и Бујо, Чендо, Камачо, Санчиз, Гордиљо, Мичел, Хуго Санчез, Валдано, Хуанито, Мартин Васкез. Уф, каков блескав тим на „кралевите“.

Се играше 7. минута кога „Маракана“ експлодира, кога 100.000 гледачи му се поклонија на Бошко кој го „тресеше“ Реал Мадрид за 1:0. Каква радост, каква еуфорија. До крајот на првиот дел Ц. Звезда со головите на Ѓуровиќ и Цветковиќ дојде во водство од 3:0. Можеби најдоброто полувреме во историјата на Ц. Звезда. Следуваше второто полувреме, два пенали за „кралевите“, еден за домашните и на крај 4:2. 

Легендарен натпревар, легендарна победа на Ц. Звезда над Реал, легендарен меч за Бошко кој беше капитен на „црвено – белите“. Меч за аналите, меч кој не се заборава, и поради нашиот Бошко Ѓуровски. 

Петминутно видео за уживање, не заборавајте да го засилете гласот. Да слушнете како 100.000 народ се радува на голот на Ѓуровски. 

Уживајте драги читатели. Во екс- СФРЈ и ние сме имале фудбалери со кои сме се гордееле на така големи европски натпревари. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата