Основањето на деловниот клуб ќе биде официјализирано денеска со меморандум за соработка помеѓу општината и комората.

– Потпишувањето на меморандумот ќе значи партнерство кое ќе овозможи ефективна соработка помеѓу општината и бизнис заедницата, со цел забрзување на економскиот развој и создавање поволни услови за водење бизнис и инвестирање, соопшти ССК.

Меморандумот ќе го потпишат градоначалникот Жика Стојановски и претседателката на ССК Данела Арсовска.