Се чини дека руската полиција употребила прекумерна сила против демонстрантите минатиот викенд, со оголед на тоа што повредени се повеќе од 70 лица, соопшти денеска канцеларијата на Советот на ОН за човекови права.

Портпаролот на советот ги повика руските власти да им дозволат на граѓаните да се организираат и да учествуваат во мирни протести без ограничување, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Руската полиција уапси повеќе од 1.000 луѓе во Москва во саботата за време на протестот организиран од лидерот на опозицијата, Алексеј Навални.

извор: Makfax