На денешното рочиште за насилниот упад во Собранието, кој се случи на 27 април минатата година, каде сериозно беа повредени пратеници од тогашната опозиција, сите 31 обвинет на чии терет сте става делото терористичко загрозување на уставниот поредок, се изјасија за невини.

Меѓу обвинетите кои се поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, пратениците Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, како и организаторите на протестите Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски.

Следното рочиште, судијката Добрила Кацарска, го закажа за 31 август со што ќе започне доказната постапка, каде како први сведоци ќе се појават актуелниот министер Дамјан Манчевски и пратеници Фросина Ташевска-Ременски и Павле Богоески.

Судијката Кацарска за месеците декември и јануари закажа вкупно 28 рочишта за овој случај.

Виктор Јованов

извор: Makfax