Поранешниот американски претседател, Барак Обама, оцени дека начинот на кој претседателот на САД, Доналд Трамп, управува со здравствената криза е хаотична катастрофа.

Обама ги повика своите поранешни соработници да се вклучат во кампањата на Џо Бајден за претседателските избори во ноември.

Критичарите го обвинуваат Трамп дека во прво време ја минимизирал заканата од ковид-19, а потоа дал контрадикторни и збунувачки инструкции.

 

извор: Makfax