logo
logo
logo

Милијардери тешки и по 238 милијарди долари: Ова се НАЈБОГАТИТЕ семејства во светот во 2021 година

Vecer | 21.09.2021

Милијардери тешки и по 238 милијарди долари: Ова се НАЈБОГАТИТЕ семејства во светот во 2021 година

Магазинот Блумберг објави рејтинг на најбогатите семејства во светот. На прво место е семејството Волтон со богатство од 238,2 милијарди долари.

Семејството Волтон ги поседува супермаркетите Walmart. Во последните 12 месеци нивното богатство се зголеми за 12 милијарди долари.

На второ место е семејството Марс (141,9 милијарди долари), кое произведува кондиторски производи „Марс“.

На третото место е семејството Кох (Кох индустрии) со 124,4 милијарди долари.

На четврто место е семејството Ермес, кое го поседува истоимениот бренд луксузни чанти. Имаат богатство од 111,6 милијарди долари.

По нив следува саудиско семејство, кое владее со Саудиска Арабија, а нивното богатство се проценува на 100 милијарди долари.

Семејството Амбани е на шестото место со богатство од 93,7 милијарди долари. Тие го поседуваат конгломератот Reliance.

По нив следува семејството Вертхајмер, кое е сопственик на брендот Шанел. Имаат богатство од 61,8 милијарди долари.

Семејството Џонсон е на осмото место со богатство од 61,2 милијарди долари. Тие се сопственици на финансиската компанија Fidelity Investments.

Следува семејството Томсон, сопственост на медиумската корпорација Ројтерс. Имаат богатство од 61,1 милијарда долари.

На десеттото место е семејството Борингер, кое е сопственик на фармацевтската компанија Боерингер Ингелхајм. Нивното богатство се проценува на 59,2 милијарди долари.

Исто така, на листата е семејството Ерме (кое го поседува модниот бренд Хермес) – 111,6 милијарди долари, како и кралското семејство на Саудиска Арабија со 100 милијарди долари.

Според Блумберг, богатството на 25 -те најбогати семејства во светот изнесува 1.700 милијарди долари – тоа е за 22 проценти повеќе (312 милијарди долари) отколку претходната година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk