Нотарот Методија Ристоски е избран за претседател на Нотарската комора на Република Северна Македонија за мандатниот период 2020 – 2023.

Изборот беше спроведен на 4 јули, на редовното изборно Собрание на Нотарската комора.

Во рамки на состанокот, извршен беше и избор на членови на органите на комората за претстојниот мандатен период.

извор: Makfax