После навивачките групи „Војводи“ и „Комити“, со соопштение до иницијативата на Претседателот Пендаровски за помирување на навивачките групи, се јавија и од навивачката група „Мајмуни“ од Прилеп.

По повод последната изјава на претседателот на Република Македонија, за помирување и средби помеѓу навивачките групи од различна етничка припадност во нашата држава, сметаме дека не постои можност и начин истите да се остварат, а причините ги наведуваме во продолжение. Нема да седнеме на иста маса со оние кои најпрво не ја почитуваат нашата држава, нејзините државни симболи, нејзиниот јазик и идентитетот на нашиот народ. Нема да седнеме на иста маса со оние кои истакнуваат навредливи пораки, имаат невозможни соништа за некаква си голема држава и плукаат по се што е македонско. Нема да седнеме на иста маса со оние што ниту еднаш не го истакнале знамето на државата во која живеат, а ги величат симболите на соседни држави. Нема да седнеме на иста маса и со политичарите, беџ разлика за кого станува збор, тоа се луѓето кои го променија уставното и државотворно име на нашата татковина, чин кој го сметаме за срамен и понижувачки. Долг е патот до моментот кога навивачите од различна етничка припадност ќе имаат исти идеали, исти вредности и ќе се стремат кон истите цели. За почеток, нека почнат оние другите, да ја почитуваат државата во која живеат, и да не плукаат по македонскиот народ и се што е македонско.