Тетовец од селото Ратае, општина Јегуновце, во полицијата пријавил дека му го украле автомобилот од марката „бмв“.

Според информациите од полицијата, тој го оставил возилото пред спортскиот центар во Тетово, но не го заклучил.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax