x

Mајами се пласира во финалето по пауза од шест години (видео)

majami

Екипата на Мајами Хит е првиот финалист на Источната конференција. Малку пред почетокот на плеј-офот на Мајами му се даваа минимални шанси, меѓутоа тимот предводен од Ерик Сполстра направија подвиг и сега на нив се гледа како фаворит за шампионскиот прстен. Нивната сила ја почувствува Милвоки кој влезе како огромен фаворит меѓутоа испадна после пет натпревари. Мајами ги победи со 103:94 за конечни 4:1 во серијата.

За Мајами ова е прво конференциско финале после 2014 година.

Инаку утринава против Милвоки најдобар беше Батлер со 17 поени, десет скокови и шест асистенции, а исто кошеви даде и Горан Драгиќ. Краудер уфрли 16, а Хиро 14…

Милвоки без грчкиот ас Јанис Антетокумпо е сосема поинаков тим. Се покажа дека без него Милвоки е многу послаб. Крис Мидлтон реализираше 23 поени, но неговите соиграчи не беа расположени за да направат пресврт.

Мајами во финалето на Истокот ќе го чека подобриот од дуелот Торонто и Бостон (моментално е 3:2 се Селтикс).

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата