Слободните ѕидари или масони се тајна организација која во своите редови прима само мажи, но изгледа одлучиле конечно да ја прекинат оваа традиција. Барем до некаде.

Во новиот водич на Обединета голема ложа во Англија која е формирана 1717 година се наведува дека трансродните жени, односно мажи кои прифатиле промена на полот по пат на операција, можат да се приклучат на масонската ложа.

Тоа значи, дека и жените можат да станат масони, но само ако се родени како мажи.
Доработени се некои правила на облекување, со што жената која ќе стане дел на ова тајно друштво можат да носат темни сукњи и брузи.

Во водичот, кој е објавен за масоните на 17 јули, наведено е дека “слободен масон кој после иницијација ќе престане да биде маж, не престанува да биде слободен масон”, пишува Дејли мејл.
Во документот се навдува дека треба спрема секој кој поминува низ процедура на промена на полот треба да се однесуваат со почит и подршка.

– На ниеден кандидат не треба да му се постави прашање за неговиот пол која ќе се чуствува непријатно – се наведува во восичот.

Некои традиции на ова тајно друштво сепак ќе останат, барем уште некое време. Так масоните едни кон други ќе се ословуваат “брат”, дури во обраќање на лице кое станало жена.

Што се однесува до жените кои не ја поминале процедурата промена на полот, односно родени се како жени, ќе останат без можност да бидат членови на масонерија.