Полицијата поднесе кривична пријава против 27-годишниот Ѓ.И. од село Здуње, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за кривично дело телесна повреда.

„На 14 ноември во семејниот дом, пријавениот со тврд предмет го нападнал својот татко Б.И.(60) од село Здуње“, информираат од МВР во дневниот билтен.

извор: Makfax