L’occitane во Скопје
Француската козметичка куќа L’occitane вчера ја отвори првата продавница кај нас во трговскиот центар Рамстор. Брендот има повеќе од 1.000 продавници во Европа и уште толку секаде низ светот, а за отворањето во Македонија од Париз допатува директорката за Европа, Каролин Лерох.
Оваа козметичка куќа повеќе од 30 години ја црпи својата инспирација од медитеранскиот начин на живот и традиционалните техники од провинција Прованса за да создаде природни производи за убавина и нега како за мажите така и за жените. Програмата на L’occitane е полна со бои и мириси создадени за нега на тело, нега на кожа, капење и нега на коса, кои ги дополнуваат луксузните парфеми и композиции.