„L’Equipe“ го поистоветува Меси со Че Гевара
31-03-2020
Капитенот на Барселона, Лионел Меси во текот на вчерашниот ден потврди дека играчите на овој тим се откажале од 70% од своите примиња за да сите вработени во клубот ги задржат своите места.
Пандемијата коронавирус создаде големи финансиски проблеми и во спортот, па сите екипи ширум во Европа се одлучија да ги намалат платите на играчите за да ја издржат кризата.
Соопштението на Меси се најде во центарот на вниманието, тој одново се спротистави на челниците на клубот. Аргентинецот ги повика да не вршат притисок брз играчи поради намалување на платите бидејќи тие веќе дале „зелено светло“, поточно се согласиле на оваа мерка.
Ова не е првпат оваа сезона Меси да испрати ваква порака до клубот, па токму затоа „L’Equipe“ на денешната насловна страница одлучи да го стави најдобриот фудбалер на Барса. Го според со кубанскиот револуционер Че Гевара, бидејќи има храбрсот да им се спротистави на првите луѓе на клубот за кого игра целиот живот.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата