Тито бил пребирлив кога станува збор за десертите, а на овој не можел да му оддолее! Едноставно се притвува, а има неверојатен вкус. Дефинитивно празник за сите сетила:
Потребни состојки:
За бисквитот:
- 4 жолчки
- 200 г шеќер
- 5 лажици ладно кафе
- 100 г мелени ореви
- 5 лажици брашно
- 3 лажици масло
- 1 прашок за печиво
- шлаг од 5 белки
За филот:
фил 1:
- 400 мл млеко
- 5 лажици брашно
- 2 жолчки
фил 2:
- 230 г путер
- 10 лажици шеќер
- 100 г топено чоколадо за готвење
- 1 ванилин шеќер (или ванила екстракт)
Начин на приготвување: Одвојте ги белките од жолчкиѕе. Во белките додадете 100 г шеќер и матете со миксер. И во жолчките додадете 100 г шеќер и матете. После тоа додадете 5 лажици чадно кафе, 100 г ореви, 5 лажици брашно, 3 лажици масло, 1 прашок за печиво и смеса од белки. Печете во рерна загреана на 200 Ц 20-25 минути.
Фил. Во 400 мл млеко додадете 5 лажици брашно и 2 жолчки и гответе со постојано мешање.