logo
logo
logo

Ќе се гради ли не на плацот од поранешна фабрика Треска

Vecer | 28.02.2021

Ќе се гради ли не на плацот од поранешна фабрика Треска

Ќе се градат ни најавените 15 згради на плацот на кој порано се наоѓаше фабриката Треска, во центарот на Скопје, кој простор потоа со денационлаизација стана приватна сопственост.

Сопствениците на земјиштето кај фабриката „Треска“ во Скопје нема да бидат дел од комисијата која треба да го спроведе конкурсот за уредување на просторот. По укажувањето на Антикорупциска комисијата дека сопствениците не можат да бидат членови на комисијата, Советот на Општина Центар донесе нова одлука со која тие се исклучуваат од процесот.

Конкурсот беше ветен лани во февруари, откако тоа го побараа архитекти, професори и граѓански организации. По нивниот притисок, Советот на Општина Центар по предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ донесе одлука преку јавен конкурс да се одлучи што ќе се гради на просторот на некогашната фабрика, која е на граница помеѓу Општина Центар и Општина Карпош.

На седницата на Советот на Општина Центар во петокот каде се одлучуваше за оваа одлука, присуствуваше и адвокат кој ги застапува сопствениците на земјиштето. Тој во нивно име побара да не се распишува конкурсот и да се дозволи да се гради според постојниот план, бидејќи повеќе на сила не е мораториумот за градба.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека конкурс за „Треска“ ќе има. Надминати се проблемите и прифатени укажувањата на Антикорупциската комисија и наскоро ќе се распише.

Во комисијата за спроведување на конкурсот остануваат Мирко Андоновски од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), професорката од Архитектонскиот факултет Дивна Пенчиќ, Снежана Митовска од Град Скопје и Биљана Насковиќ од Општина Центар.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk