Веридбата официјално ќе биде објавена кога ќе бидат завршени сите неопходни подготовки за тоа. Ова на прес-конференција го соопшти претставник на Царскиот дворец, кој меѓу другото, изрази жалење поради предвременото протекување на оваа информација.

Принцезата се запознала со својот избраник пред пет години, а тој по само една година ја запросил. Нејзините родители – принцот Акисино и принцезата Кико ја одобриле одлуката на ќерка си, која по свадбата ќе ја загуби благородничката титула и ќе стане „обична Јапонка”.

Кеј Комуро моментно живее во Јокохама со неговата мајка и дедо, а работи како правник.

Принцезата Мако е највозрасната ќерка од трите деца на принцот Акисино, кој е втор во редот за наследство на царот, по неговиот постар брат, принцот Нарухито.