Јапонија ќе инвестира 30 милијарди долари во Африка до 2018 година, вклучувајќи и 10 милијарди долари кои ќе ги вложи во развој на инфраструктурата, изјави денеска јапонскиот премиер Шинѕо Абе на самит во Најроби.

– Во комбинација со инвестициите од приватниот сектор, очекувам дека вкупната сума ќе биде околу 30 милијарди долари, рече Абе на отворањето на меѓународната конференција за африканскиот развој, дополнувајќи дека инвестицијата е доказ дека Јапонија верува во иднината на Африка.