x

IN MEMORIAM: Бора Станковиќ (1925 – 2020)

Тажен ден за кошарката во светот. Како што известуваат медиумите во Србија, починал Бора Станковиќ, еден од најпознатите личности во светот на кошарката. Една од иконите на овој спорт на овие простори. Станковиќ починал на 95 години во Белград. Беше генерален секретар долги години на ФИБА, беше еден од првите луѓе на МОК, секако некогашен кошаркар, тренер, еден од основачите на прочуената југословенска кошарка. Еден од основачите на СД Ц. Звезда и КК Црвена Звезда, некогашн репрезентативец на екс СФРЈ.

Бора беше човек – легенда. Признаен и почитуван во целиот свет.

Учествувал на 28 европски првенства, 14 светски шампионати, на 14 олимпијади како и на 12 конгреси на ФИБА. Фасцинантно…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата