logo
logo
logo

Цуцуловски: ИМЕТО Е ПРОМЕНЕТО ОД НЕЛЕГАЛНА ВЛАСТ и нелегално Собрание

Vecer | 26.02.2021

Цуцуловски: ИМЕТО Е ПРОМЕНЕТО ОД НЕЛЕГАЛНА ВЛАСТ и нелегално Собрание

Промената на името е направена од нелегитимна како нелегална власт и нелегално Собрание и без потпис од претседателот на државата, а објавено во Службен весник. За да се изврши промена треба да имате легално Собрание, и потпис од државата. Според тоа правно и легалистички гледано, името не е променето, изјави са „Само Интервју“ на Канал 5, професорот Љубомир Цуцуловски.

Тој истакна дека давањето на мандат на Зоран Заев беше незаконски од страна на тогашниот претседател, затоа што според Уставот на Република Македонија, се дава еднаш мандат и не е предвидено втор мандат.

- Бидејќи Груевски не формира парламентарно мнозинство, тогаш единствено логично беше распишување на нови избори. Ќе чинеа, но ќе чинеа помалку отколку што чини распродажба на држава.  Наспроти на Уставот се даде мандат на втор човек, а во Уставот тоа го нема, рече Цуцуловски.

Тој посочи и во 2017 година Собраниската седница беше прекината, а неа може да ја продолжи само тој кој ја прекинал, односно претседатачот, но таа беше продолжена без негово знаење и без негово присуство.

- Исто беше спротивна на Деловникот. Изборот на претседателот на Собрание, никој не може да докаже дали имало кворум, а нема ни записник. Уставниот суд се уште не се одлучува да реши според претставки на граѓаните за сето тоа.  Преговорите за промената ги водеа министрите за надворешни работи, а за да можат да водат такви преговори тие треба да бидат овластени од претседателот  на државата. Утре може да дојде Собрание кое легално ќе го поништи сето ова што било нелегално склучено, нагласи Цуцуловски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk