Во пресрет на стартот на пописот на населението денес, со попишување на затворениците, дијаспората, дипломатите и бездомниците, првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби упати свој повик на социјалната мрежа фејсбук.

Имено, тој побара максимална мобилизација на албанското население секаде, со цел успешно спроведен попис.

„Драги браќа и сестри во егзил и вие семејство на нашите сонародници кои живеат во дијаспората, започна процесот на саморегистрација на адреса: https://census.stat.gov.mk/. Ве молам за максимална свест и мобилизација, се вели во фејсбук објавата на Груби.

Инаку за потсетување, пописот започна денес, а ќе заврши на 21. април.