logo
logo
logo

Фон дер Лајен: Европа ќе се избори со енергетската криза

Vecer | 01.10.2022

Фон дер Лајен: Европа ќе се избори со енергетската криза

Таа посочи дека гасоводот меѓу Бугарија и Грција „ги менува правилата на игра“ и значи слобода и ставање крај на зависноста на Европа од рускиот гас и дека ваквите проекти значат дека Европа ќе има доволно гас за зимата.

Фон дер Лајен рече дека првиот чекор во подготовката за зимата е диверзификација на изворите, односно барање други партнери освен Русија, дека второто е заштеда, а третото е инвестирање во одржливи извори на енергија кои се локални и ја прават секоја земја независна.

„Европа има сè што ѝ е потребно за да се ослободи од зависноста од Русија, а тоа е политичката волја. Енергетската криза е сериозна, но јас сум убедена дека можеме да се справиме со неа и бара сериозен одговор од Европа“, рече фон дер Лајен.

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис изјави дека гасоводот ќе донесе природен гас од Азербејџан до Бугарија и ќе ги ослободи тие европски земји од „контролата од рускиот гас“.

Тој додаде дека на овој начин ќе се задоволат потребите не само на Грција туку и на другите земји од Југоисточна Европа преку терминалот во Александрополис, кој ќе биде готов на крајот на следната година.

„Ова е проект кој не е само енергетски гасовод, туку носи диверзификација на изворите на снабдување, ги поврзува европските земји и е конкретен израз на нашата решеност заеднички да одговориме на големите предизвици и да го промовираме просперитетот на нашите народи“, рече Мицотакис. .

Тој порача дека треба да се избегне фрагментација на енергетскиот пазар во Европа и дека е неопходна солидарност.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, рече дека овој гасен интерконектор е важен и за Романија, Србија и Македонија и дека со пуштањето во употреба на гасниот терминал во Александрополис, регионот ќе добие вистинска диверзификација на гасот.

Тој укажа на важноста од изградба на гасниот интерконектор со Србија и укажа на неопходноста од ревитализација на Коридорот 8 кој го поврзува Црното со Јадранското Море, како и изградба на мостови на Дунав.

„Постоењето на овој гасен интеронмектор ја зајакнува нашата независност и преговарачка моќ“, рече бугарскиот премиер Галаб Донев и нагласи дека гасоводот е од клучно значење за Бугарија.

Тој додаде дека настаните околу гасоводот на Балтикот укажуваат дека тоа може да биде тешко на Балканот и дека затоа е неопходно да се овозможи алтернативно снабдување со гас.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Грција и Бугарија ќе имаат голема корист од овој проект.

„Тоа е важно и за Србија, која веќе ја започна изградбата на интерконектор со Бугарија, кој ќе биде готов за една година“, рече Вучиќ и додаде дека не претерува кога вели дека ова е важен ден за Србија.

Тој додаде дека, за разлика од Урсула фон дер Лајен, мисли дека есента и зимата ќе бидат потешки отколку што вели таа, и додаде дека помогнала во изградбата на интерконекторот меѓу Србија и Бугарија и Србија и Македонија.

Вучиќ ја повика Фон дер Лајен да ги стави земјите од Западен Балкан на истата листа со земјите од ЕУ кога станува збор за цените.

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев изјави дека овој гасовод е важен за зајакнување на енергетската безбедност во Европа.

„Енергетската безбедност е дел од националната безбедност на секоја земја, а актуелната политичка ситуација уште еднаш го докажува тоа“, рече Алиев, додавајќи дека Азербејџан е горд што е иницијатор на јужниот гасен коридор.

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, рече дека колку се поповрзани земјите, толку се поотпорни на енергетските предизвици и дека Македонија мора да стане дел од таа широка гасоводна мрежа и дека ова е моментот да се погледне надвор од тесните национални интереси и да се работи на солидарност.

Романскиот премиер Николае Ќука рече дека започнувањето со работа на гасниот интерконектор придонесува за диверзификација на изворите на природен гас и дека тоа мора да се забрза за побрзо да се ослободи Европа од руските фосилни горива.

На средбата, неколку говорници изјавија дека Алиев денес е најбараниот човек во Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk