Целосните затворања се погрешни, а правилната политика е да ги заштитиме само старите и изнемоштените. Тоа не крај ќе доведе до имунитет на стадото (колективен имунитет), смета професорот Јохан Гисеке, еден од најстарите светски епидемиолози, советник на шведската влада (го ангажираше Андерс Тегнел). Гисеке е првиот главен научник на Европскиот центар за превенција и контрола на болести и советник за генералниот директор на СЗО

Според Гисеке политиката за заклучување која ја применија многу европски земји не е заснована врз докази. Вели дека првичниот одговор во Велика Британија, пред „пресвртот на 180 степени“, бил подобар.

Вели дека во Шведска срамнување на кривата се должи на најранливото умирање пред сè, како и заклучувањето и додава дека резултатите на крајот ќе бидат слични за сите земји.

„Ковид-19 е „лесна болест“ и слична на грипот, а луѓето ги исплаши тоа што блеста е нова. Вистинската стапка на смртност на „Ковид-19“ е 0,1 проценти, вели Гисеке.

Додава дека ќе се покаже оти најмалку 50 отсто од популацијата и во Велика Британија и во Шведска веќе ја имаат оваа болест. Тоа, вели тој ќе биде кога ќе стане достапно масовно тестирање на антитела.