Најмалку 13 лица загинаа во Мексико во експлозија на камион што превезувал бензин.Возачот на камионот, кој исто така загинал во несреќата, во еден момент изгубил контрола над возилото, кое потоа се запалило и експлодирало, соопштија тамошните власти.

Другите жртви биле пронајдени во нивните возила на автопатот во близина на камионот. Обвинителството соопшти дека пронајдените тела биле целосно јагленисани.

извор: Makfax