Продажбата на автомобили во Европа во април забележа најголем пад во последните четири години, соопшти Европското здружение на производители на автомобили (AЦEA).

Падот пред се се должи на значително послаба побарувачка во „старите” членки на ЕУ.

Во април во 27 земји на ЕУ, со исклучок на Малта за која нема податоци, се регистрирани вкупно 1.191.034 нови автомобили, што е за 6,6 отсто помалку од истиот период лани.