logo
logo
logo

DO YOU SPEAK ENGLISH? WHY NOT!

Vecer | 30.11.2004

DO YOU SPEAK ENGLISH? WHY NOT!

Во денешно време, за да научите нешто ново нема потреба да излегувате од дома, да барате книги, разни други помагала, луѓе кои ќе ви помагаат да учите и слично. Се што ви треба е малку добра волја и - компјутер со ЦД - ром и модем. Ова особено важи за учењето странски јазици. Ако сакате да научите англиски јазик, да го обновите знаењето или да го дополните фондот на зборови приклучете се кон “Јазичниот плоштад”, односно набавете го новиот ЦД речник на ZONA (www.zona-online.com). Проектот претставува аудио-визуелен, интерактивен мултимедијален речник со повеќе од 8000 зборови и со повеќе од 1000 илустрации. Секој од зборовите опфатени во овој речник е поддржан со правилен аудио изговор на соодветниот јазик. Зошто го препорачуваме овој производ? Карактеристики Пребарувањето на зборови е организирано на неколку нивоа што овозможува: пребарување по тема, пребарување по азбучен редослед или барање на конкретен збор. Софтверското решение на речникот овозможува базата на зборови да биде комплетно во функција на корисникот, односно надоградлива со нови сопствени зборови. Во прилог на тоа е и можноста за едноставно надградување со нови зборови преку интернет и тоа бесплатно! Критериуми кои ги исполнува апликацијата: Базата на податоци е организирана на неколку паралелни нивоа, од кои секое учествува во остварувањето на неколкуте нејзини базични функции.

1. Општо ниво

Ова ниво, по пат на добро одмерени и јасно формулирани информации со текстуален, аудио и визуелен карактер им овозможува на корисниците стекнување и трајно помнење на базичните информации кои се однесуваат на изучувањето на англискиот/македонскиот јазик. Нивото на информациите и начинот на нивното презентирање овозможува следење на содржините од страна на широк дијапазон типови на корисници и тоа, од оние со најниско образование па се до оние на највисоко образовно ниво.

2. Естетско - уметничко ниво

Базата има и високо естетско-уметничко ниво, кое зрачи од квалитетот на визуелниот материјал, изборот и организирањето на сето презентирано Сево ова на основното јадро - базата на податоци, му внесува дух и печат, специфичен за англискиот/македонскиот јазик. Естетското ниво ја претставува втората цел на проектот - производ, кој не само што презентира и “ја завршува работата”, туку предизвикува и уживање. Ова е прилог кон градењето на вистинскиот однос на корисникот кон апликацијата што се презентира. Потребно ви е... Минималните системски побарувања за да можете да го користите овој производ се следниве: компјутер базиран на Pentium processor, 32 MB RAM memorija; 8h CD-ROM, SVGA High Colour monitor, Microsoft Windows 95/98, 200, NT, XP, а се препорачува и звучна картичка. Инаку, печатењето на тиражот е извршено во Sony DADC Austria.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk