logo
logo
logo

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

Vecer | 22.02.2021

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

Според денешниот хороскоп, прочитајте што ве очекува во текот на денот

ОВЕН

Ќе имате поддршка од личност која е на положба, или е во прашање вашиот шеф. Имате шанса да ја обновите комуникацијата со некоја личност од минатото која остана недоречена. Бубрезите и бешиката ви се слаба точка.

БИК

Силна енергија може да ве донесе до голем успех, доколку максимално се потрудите и дадете се од себе. Лесно може да дојде до прекин на врската, особено на оние кај кои долго време владее монотонија. Одлично здравје.

БЛИЗНАЦИ

Финансиите се во пораст. Ќе имате прилив на пари, добивки и среќни околности врзани за пари. На слободните Близнаци им се „смее“ ново познанство, љубов со личност која ќе ја сретнат на јавно место. Слаба точка се грлото и дишните патишта.

РАК

Оние кои се невработени, многу лесно може да најдат работа која им одговара, па имајте иницијатива. Односот со партнерот не може да се расипе. Можно е заладување, сомневање во љубов, несогласувања. Потребно ви е повеќе физичка активност.

ЛАВ

Работата ќе ви биде наклонета, очекувате стабилност во работите и финансиите како и можност, конечно да ги материјализирате работните идеи и планови. Многу е веројатно дека вашиот емотивен однос ќе дојде на испит. Не носите одлуки под дејство на емоции. Проверете го притисокот.

ДЕВИЦА

Бидете внимателни, затоа што е пристутна можност за караници и несогласувања со колегите. Овој ден е чувствителен за оние кои се во долги врески или во брак. Доаѓа до емотивно незадоволство, но и преиспитување на емоциите. Чувствителни бубрези.

ВАГА

За Вагите кои се занимаваат со економија, финансии и банкарство или недвижности, време е за реализација на големи работи како и за подобрување на финансиите. На повидок е љубов со личност која ја запознавате низ работа. Главоболки, и болки во вратот.

ШКОРПИЈА

Невработените Шкорпии имаат можност за вработување, можна е помош од пријател. Одличен период за тајна љубов, тајна врска или враќање на поранешната љубов. Нозете ви се слаба точка. Шетајте, спортувајте.

СТРЕЛЕЦ

Расеаноста која ќе ве следи, ќе влијае и на работните резултати. Потребно е да имате иницијатива ако сакате да обновите некој љубовен контакт кој е прекинат. Проверете го притисокот и повеќе шетајте.

ЈАРЕЦ

Постои голема можност да направите некои грешки за кои ќе ви биде потребно доста време да ги исправите. Ви следува познанство со млада личност која ќе ја запознаете преку пријател или друштвени мрежи. Замор.

ВОДОЛИЈА

Бидете внимателни со потпишување на документи и склопување на договори. Ќе уживате во друштво на саканата личност, а можно е заедничко патување. Можни се стомачни тегоби.

РИБИ

За оние кои се неврботени, не е поволен ден, освен што постои можност повторно да се активира некоја работа на која долго сте чекале. Личност од работа веќе долго време мисли на Вас, а тоа веројатно и вие сте го приметиле. Пречувствителни сте. Сакате да бидете малку сами.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk