logo
logo
logo

Да се смират тензиите: Галтие свикал состанок со Мбапе и Нејмар!

Vecer | 15.08.2022

Да се смират тензиите: Галтие свикал состанок со Мбапе и Нејмар!

Во таборот на ПСЖ решени се веднаш да реагираат по тензиите што се случуваат во тимот, посебно на релација Мбапе – Нејмар. Станува збор за недоразбирањето меѓу нив двајца на мечот со Монпелје (5:2). Па така во таа насока тренерот Криштоф Галтие свикал состанок на кој ќе бидат само тие тројца и ќе се разговара како да се смири топката што се вели народски.

На спорниот меч Мбапе промаши пенал, вториот пенал Нејмар го реализраше. Интересно Мбапе сакаше да го изведе и овој пенал но Бразилецот не му дозволи. Потоа по мечот Нејмар лајкувал на коментарите на социјалните мрежи кои го исмеваа Мбапе, па овој врати со барање по секоја цена Нејмар да го нема од клубот. Треба да се каже дека Мбапе кога не доби додавање од Витиња, едноставно престана да трча што наиде на осуда кај сите во фудбалската јавност. Инаку Мбапе има проблеми и со Меси, во последно време нивниот однос како малку да се заладен.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk