Coldplay со тајно шоу
Групата Coldplay е во тајна мисија. Момците во бендот во најстрога тајност го подготвуваат шоуто на кои тие ќе настапат пред 40 гости (нивни пријатели и роднини). На ова шоу Голдплаѕ пред гостите ќе ги изведат песните од нивниот најнов трет албум кој треба да се промовира следниот месец. Ако некоја од песните не им се допадне на публиката, тие се подготвени повторно да ја снимат. Локацијата каде што ќе се одржи оваа тајна средба не е позната иако се знае дека ќе се одржи на 18 март.