logo
logo
logo

БРЗИ ПОЛЖАВЧИЊА СО ПЕЧИВО: Мирисаат на босилок и сирење

Vecer | 12.12.2020

БРЗИ ПОЛЖАВЧИЊА СО ПЕЧИВО: Мирисаат на босилок и сирење

Тесто кое се подготвува со пециво е подобро се од она со квасец, во моменти кога ви се брза или едноставно не ви се чека тестото да нарасне. Тоа значи дека нема кревање нема чекање чекање. Со исто вакво тесто можат да се направат и кифлички.

Состојки: • 400 гр. брашно • 1 прашак пециво • лажиче сол • 150 гр. омекнат маслец • 2 jајца • 250 гр. сирење • 100 мл. млеко • 1 јајце и сусам

Подготовка: Изматете го маслецот и јајцето, додадете го сирењето и млекото. Постепено додавајте го брашното и пецивото и продолжете да го месете со раце. По потреба додавајте брашно додека тестото не се лети на раце. На подлога посипете брашно и развлечето го тестото во правоаголна кора, од горе премачкајте премаз кој вие го сакате. Ролната сечете ја ролнички и редете ги во подмачкан плех или на хартија за печење. Премачкајте ја секоја ролничка со изматено јајце, а потоа поситете ги со сусам.

Печете ги на 200 степени околу 25-30 минути (додека не заруменат)

За премачкување на кората можете да одберете продукти како што се: песто од босилок и рендана гауда, можете со шунка и намаз од сирење и сирење...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk