Добро познатата метеоролошка апликација AccuWeather ја објави традиционалната долгорочна прогноза за зимата во Европа, која, како што спомена нивниот метеоролошки тим на почетокот, ќе биде различна по многу нешта отколку порано.

Секако, ова се однесува на нов бран на коронавирус и брзиот раст на бројот на заразени и воведување на рестриктивни мерки во многу земји. Мерките стапуваат на сила само неколку недели пред почетокот на зимата. Скијачите се особено внимателни во следењето на ограничувањата за патувања и епидемиолошките мерки во ски-центрите, па можеби временската прогноза за оваа година е последното што им паѓа на ум.

Од друга страна, сопствениците на ресторани и кафулиња од Москва до Мадрид се надеваат дека ќе биде топло што е можно подолго, за да можат да ги одржуваат терасите отворени, повторно поради коронавирусот.

Многу е неизвесно како ќе се развие пандемијата на коронавирусот во наредните месеци, но тим од прогнозери на AccuWeather се повеќе е сигурен како ќе изгледа оваа зима во Европа.

Се предвидува дека за време на преминот на сезоната од есен кон зима, невреме ќе се движи кон југ, движејќи се над јужна Европа и Средоземното море,

Ако споредиме што се случи минатата година во Шпанија, Португалија и јужна Франција, ќе има многу повеќе бури, рече метеорологот Алан Реперт.

Некои од поголемите градови во Европа може да имаат многу повеќе бури оваа зима заради ова, а тоа се Лисабон, Мадрид, Барселона, Ница, Рим, Атина и Букурешт. Тој посочува дека сезоната на дождови во Шпанија и Португалија треба да им помогне на зимските посеви, како што се маслинките, кои се собираат до март.

Понатаму, долгорочната прогноза на AccuWeather вели дека невремето може да ги загрози животите и имотите низ целиот регион.

Бурите што се развиваат според оваа шема можат полека да се движат од Шпанија во Италија, понатаму кон Балканот, кон Турција и Украина и можат да направат поголема штета. Ова нема да бидат бури што се движат брзо како што гледаме на север, посочуваат тие.

Поради бавниот напредок на невремето, постои поголем ризик од поплавување, особено во северна Италија и Западен Балкан.

И покрај предвидувањата дека може да имаме бурна зима во јужна Европа, ова нема да се одрази добро на љубителите на снег.

Алпите може да копнеат по снег оваа година, особено на италијанската страна на Алпите, рече метеорологот Тајлер Ројс.
Постои можност да падне снег во ноември, но мали се шансите да имаме снег во јануари и февруари, велат тие.

Некои скијачки центри веќе ги отворија вратите за љубителите на зимските спортови бидејќи падна есенскиот снег, но лошите прогнози за средината на зимата може да им наштетат на скијачките центри, кои исто така треба да се справат со компликации поврзани со пандемијата.