Димитар Апасиев, доцент на Правен факултет на универзитетот „Гоце Делчев” од Штип и член на партијата Левица, на својот Фејсбук профил ја критикува одлуката на Македонија да протера еден руски дипломат во знак на солидарност со Велика Британија во случајот „Скрипаљ”.

„Протеруваш ДИПЛОМАТ од земја која те признава под уставно име, за да ѝ угодиш на земја која не те признава ни под ‘разно’!?”, напиша Апасиев.