Еден од позитивните два случаи кои се потврдени во саботата на 04.04.2020 година е лице кое е сместено во Домот за стари лица “Сју Рајдер”- Битола. Се работи за пациент на 85 годишна возраст кој е сместен на Инфективно одделение во Клиничка болница Битола. Пациентот е примен на одделението на 02.04.2020 година со симптоми на покачена телесна температура и кашлица. Покрај наведената симптоматологија пациентот има и други коморбидитети. Земен е брис за докажување на COVID-19-лабораториска потврда за позитивен резултат е добиен на 04.04.2020 година, информираат од Центарот за јавно здравје Битола.

Веднаш од страна на епидемиолошката служба преземени се сите пропишани активности и мерки. Во домашна изолација и под здравствен надзор се ставени 9 лица, вработени во институцијата “Сју Рајдер”- Битола, земени се брисеви од лежечките болни кои биле во непосредна близина со потврдениот случај и дел од вработените кои се грижеле за него.
Направена е целосна дезинфекција на Домот за стари лица “Сју Рајдер”- Битола од страна на ДДД – службата при ЦЈЗ Битола.
Обработката на контактите од страна на епидемиолошката служба продолжува.