logo
logo
logo

Ангелов: Не сме изненадени, нека заврне уште повеќе снег!

Vecer | 15.02.2021

Ангелов: Не сме изненадени, нека заврне уште повеќе снег!

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за ТВ24 вели дека државата и институциите одлично се справиле со снегот кој наврна викендов.

Според него, никој не биде изненаден од снегот годинава, туку напротив - сите биле подготвени.

„Јас не видов ниту еден изненаден годинава од снегот, „Македонија пат“ паралелно со врнењето на снегот го чистеше снегот. Сметам дека имаме соодветна реакција, ниските температури ги отежнуваат состојбите. Не се согласувам дека некој бил изненаден од снегот. Ние сме држава, стоиме на располагање за луѓето и од отсечените планински села. Во Тетово имаме отежнато движење во планинските села, на повисоките места во тетовско снегот достигнува до 60-тина сантиметри. Снегот е благодет за земјоделците, неговата корист е поголема од неговата штета. Нека заврне уште повеќе снег, добро е за хидлорошката состојба“ - вели Стојанче Ангелов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk